Рецепт за брзи поховани тиквички

СПОДЕЛЕТЕ

За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:

1 поголема млада тиквичка

3 јајца

3 лажици брашно

сол

масло за пржење

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките, исечете ги на тенки кругчиња, посолете ги и оставете ги 20 минути, додека да пуштат сок.

Исцедете ги тиквичките, истркалајте ги во брашно, па во јајца и пржете ги на масло.

Тиквичката е пржена кога ќе ја забодете со вилушка, и ќе забележите дека е мека. Пржените тиквички извадете ги на чинија, која што претходно сте ја обложиле со салфетка.

Пред секој ред пржени тиквички, ставете салфетка да ги впие вишокот на маснотии. Пред сервирање тргнете ги салфетките.

- Реклама -