Горештини низ цела територија: Прогноза за оваа седмица

СПОДЕЛЕТЕ

Како што започна денот, така ќе се одвива и во текот на целата седмица.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 31 до 42 степени.

Во Скопје денеска (понеделник) ќе биде сончево и многу топло, со североисточен ветер.

Максималната дневна температура ќе достигне 39 степени, додека УВ индексот ќе има вредност 10.

Во вторник ќе биде сончево и уште потопло. Утринските температури ќе се движат од 15 до 26 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 31 односно до 41 степен.

Во среда ќе биде сончево и многу топло. Попладне во северозападните и западните предели ќе има појава на локална облачност. Утринските температури од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе се движат од 30 до 40 степени.

Претежно сончево и многу топло во четврток. Во попладневните часови зголемување на облачноста во крајните западни предели, каде што постојат и услови за краткотрајни локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 14 до 25 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индекс 9.

 

- Реклама -