Во „џебот“ на Фејсбук

Еве колку пари заработува социјалната мрежа, во една секунда.
Пазарната капитализација на „Фејсбук“ достигна 253 милијарди долари, а најголем извор на заработувачка на оваа компанија се рекламите кои ги гледаме на нашиот news feed.

Фрапантна е информацијата дека Фејсбук секоја секунда заработува повеќе од просечна македонска плата, поточно 432 долари.

Дури 90 проценти од приходите доаѓаат од реклами, а истите порасна за 46 проценти во првиот квартал во 2015 година и достигнаа 3,32 милијарди долари. На овој пораст најмногу влијаеше воведувањето на видео рекламите.

„Фејсбук“  на берзата излезе во мај 2012 година. Тогаш една акција изнесуваше 38 долари, а денес цифрата достигна 90,10 долари.

Експертите предвидуваат дека социјалната мрежа ќе продолжи да расте.

facebook-monetization

Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing

- Реклама -