Заобиколете ја горештината: Испеглајте ја облеката без пегла

СПОДЕЛЕТЕ

Летни горештини + пеглање = веројатно најомразената комбинација кога се работи за овбрските во домот. За жал, облеката мора да ни биде испеглана и во летните месеци, но за среќа, постојат неколку алтернативни начини за да го направите тоа без да ја употребите пеглата:

1. Мокар пешкир
Облеката која сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина, а врз неа ставете мокар пешкир. Притиснете и израмнете ги изгужваните делови. Оставете облеката да се исуши.

2. Пареа од бањата
Затворете го прозорчето и вратата од купатилото додека се туширате. Облеката што сакате да ја испеглате закачете ја што поблизу до тушот, но доволно далеку за да не ја намокрите. Додека вие се туширате, пареата ќе ги израмни наборите на облеката. Откако ќе завршите, а облеката е сé уште влажна, доволно е само да ја оставите во дргуа соба на неколку минути и ќе се исуши.

3. Прскање со вода
Закачете ја облеката на место каде што нема да биде проблем да испрскате малку вода. Од растојание од отприлика 30 сантиметри, со прскалка, нашприцајте ја облеката. Во водата можете да додате малку омекнувач за дополнителна мекост. Оставете ја облеката да се исуши. Нема да трае долго, а наборите ќе исчезнат.

4. Пегла за коса
Како утешна опција, заменете ја пеглата со пегла за коса. Пред да поминете со неа по облеката, отстранете ги влакната што можеби останале на неа или остатоците од производите за стилизирање на косата. Ако пеглата има регулатор за температура, со неа можете да ги израмните и чувствителните ткаенини.

5. Коцки мраз во сушалната
Изгужваната облека, заедно со неколку коцки мраз, ставете ја во машината за сушење и оставете ја да работи на неколку минути, на висока температура. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа, која пак ќе ги израмни наборите на облеката. Овој метод делува под услов машината за сушење да не е полна со облека. Што помалку облека и повеќе простор, толку подобро делува.

- Реклама -