Project Orpheus со нов сингл

Извадок од деби – албумот „Shaping The Static“

„Project Orpheus“ , живописниот и инспиративен свет на музичарот Давид Димовски и неговото творештво, го најавува деби – албумот наречен „Shaping The Static “ , преку сингл – изданието „Gabriel“ .

Песната, која воедно го носи и насловот на својот протагонист, преку текстот ја проследува приказната за аспирациите, стремежите, соништата и стравовите на еден морнар. Имено, станува збор за ликот Габриел и неговата необична судбина.

11717399_10207208975362023_8090457835911306940_o

Од музички аспект, низ песната сведочиме еден поп – рок звук, што изобилува со примеси од ирската и британската фолк музика, како и повремени отклонувања кон поегзотични ритмички елементи. Овој склоп на стилски селектиран, деликатен пристап кон секоја музичка тема засебно, е токму она што стои како ендемично и неограничено изразно средство што и понатаму ќе продолжи да еволуира заедно со овој проект.

11063547_10207208969361873_5936246387574119569_o

Всушност, карактеристичната силно нагласена иронија што стои задскриена при оваа песна, може да се забележи веднаш штом се земе предвид тематската контрадикторност помеѓу лирската музичка подлога, наспроти драмскиот текстуален мотив. Ова е една од многуте невообичаени појави вметнати низ приказните раскажани во овој албум.

Снимен во живо, низ концептуална изведба со тематски континуитет, албумот ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

11732029_10207208974081991_2743219017710592940_o

Целосната верзија од албумот „Shaping The Static“ се очекува набрзо и дополнителни информации ќе бидат објавени на Фејсбук фан – страната на Project Orpheus , како и на нивната официјална веб – страна, која што можете да ја следите ТУКА.

- Реклама -