Направете домашна крема со заштитен фактор

Дали сте знаеле дека токсините од кремите со заштитен фактор се впиваат во вашата кожа? Бидете безбедни и направете си природна крема со зашитетен фактор.

Ако сакате да ги избегнете хемикалиите во комерцијалните креми за заштита од сонце, ќе ви се допадне оваа природна и домашна верзија на крема со заштитен фактор.

doterra essential oils for sunburn and sunscreen

Умереното количество на сончева светлина на вашата кожа е важна за доброто здравје, но колку побрзо сфатите дека прекумерното изложување на сонце е штетно за вас, толку подобро.

Многу од состојките во овој рецепт имаат природен заштитен фактор (SPF), но бидејќи ова е природен рецепт и не е тестиран од страна на регулаторна организација, не може да се рекламира како комбинираниот SPF.

Индивидуалните состојки кои се природен заштитен фактор се:

Screenshot_7

Кокосово масло- SPF 4-6

Шеа путер- SPF 4-6

Бадемово масло- SPF околу 5

Цинк оксид SPF 2-20 (во зависност од тоа колку е употребен)

Масло од семе од црвена малина SPF 25-50

Масло од семе од морков- SPF 35-40

Способноста за заштита од сонце зависи од количината на секоја употребена состојка. Оваа крема со заштитен фактор е малку, но не целосно, водоотпорна и ќе треба да се нанесува по секое потење или пливање. Внимавајте да не го вдушувате цинк оксидот- користете маска доколу е потребно! Овој рецепт има околу 15 SPF, иако додавање на повеќе цинк оксид ќе го зголеми заштитниот фактор. Додадете повеќе восок со цел да ја направите подебела кремата со заштитен фактор, а помалку за да ја направите помазна крема. Се препорачува екстракт од кокос, ванила или лаванда етерични масла за мирис. Чувајте ја на ладно и суво место или во фрижидерот.

Состојки:

½ чаша бадемово масло
¼ чаша кокосово масло
2 лажици шеа путер
¼ чаша пчеличен восокraspberry_carrot
2 лажици цинк оксид (купи од Амазон доколку не најдете во аптеките овде)

По избор:

 

До 1 лажиче масло од семе од црвена малина
До 1 лажиче масло од семе од морков
До 1 лажиче масло од Витамин Е
Во етеричните масла како екстракт од ванила, лаванда или други природни екстракти ќе уживате.

Screenshot_6

Начин на подготовка:

Измешајте ги состојките освен цинк оксид во стаклена тегла.

Наполнете тенџере од средна големина со неколку сантиметри вода и топлете на средна температура.

Ставете капак на теглата лабави и ставете ја во тенцерето со вода.

Како што водата се загрема, состојките ќе се стопат, протресете или промешувајте повремено за да се соединат.

Кога сите состојки се целосно стопени, додадете цинк оксид, измешајте добро и истурете во она што ќе го користите за складирање. Малите стаклени тегли се одлични.

Мешајте неколку пати додека се лади и осигурајте се дека цинк оксидот е соединет со другите состојки.

Користете ја кремата како секоја крема со заштитен фактор.

Најдобро е да се користи во рок од шест месеци.

За едноставна верзија, само измешајте кокосово масло и шеа путер со масло од семе од црвена малина и морков, за умерена изложеност на сонце.

- Реклама -