Имате ли и вие дигитална амнезија?

Дали го знаете напамет телефонскиот број на вашето дете? А на сопругот / сопругата?

Новото истражување покажува дека повеќе од половина Европјани не ги знаат на памет телефонските броеви на нивните деца или службени броеви без да погледнат во нивните телефони. Една третина од луѓето пак не знаат како да се поврзат со својот  партнер без помош на мобилен телефон.

Ова се должи на т.н. “дигитална амнезија” или расеаност, која е резултат на нашата зависност од технологијата.

Научниците од Kaspersky Lab, кои го спроведоа истражувањето на глобално ниво, тврдат дека неспособноста да запомниме одредени детали, како важни телефонски броеви, се должи на фактот што им дозволуваме на дигиталните уреди како смартфоните, да го прават тоа наместо нас.

Кој сака да ја полни главата со сите овие работи, ако нешто друго може да го прави тоа наместо него? Излегува дека, сепак, тоа е поштетно отколку што мислиме. Според истражувањето, над 51% од Американците и 40% од Европејците велат дека ако ги изгубат овие важни информации зачувани во дигиталните  уреди, тоа би им создало големи проблеми. Ова важи особено за жените кои изјавиле дека овие уреди се единственото место каде чуваат слики, пораки и информации за своите најблиски. Ако немате бекап или информацијата не е копирана на друго место, една кражба би можела да ве остави без сон. Тоа можеби е добар потсетник да одвоиме неколку минути, за да ги запаметиме телефоните на најблиските. Технологиите е добра работа, но да бидеш способен да останеш во контакт со семејството, без оглед на околностите, е уште поубаво.

- Реклама -