Зафркантот што најде начин да направи пари од грчката криза

Додека на некој не му стемни, на друг нема да му се раздени.

Во целиот хаос со грчката должничка криза и потенцијалното напуштање на Еврозоната, некој се досети како да направи пари. Да биде иронијата поголема, тој некој доаѓа токму од најголемата економска сила во Европа – Германија. Претприемачот Уве Далхоф го „патентираше“ зборот „Grexit“, кој буквално е кованица од „Грција“ и „излез“ (од Еврозоната) и планира да лансира алкохолен пијалок со истото име.

jpgrexit3_3359609b[1]

Се работи за водка со вкус на лимон, со 16% алокохол. Можно е дека ќе чини само 0.59 евра по шише.

Пијалокот можно е да се најде на полиците во германските продавници веќе за неколку дена. За тие што нема да ја сконтаат шегата во името на производот, на етикетата стојат дополнителни показатели, како на пример здравицата помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис, која се одвива под загриженото лице на германската канцеларка Ангела Меркел.

jpgrexit1_3359601b[1]

На истата таа етикета стои и слоганот „sauer macht lustic“ (во превод: „Дури и киселото овошје е добро“), германска поговорка што го има истото значење со познатата англиска: „Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“.

Далхоф вели дека неговиот пијалок е форма на сатира и е свесен дека некои луѓе нема да ја сфатат шегата. Впрочем така беше и во неколку други прилики, кога Далхоф ги исмеваше Хелмут Кол и Ерих Хонекер.

- Реклама -