Како е-читачите ја спасија еротската литература

СПОДЕЛЕТЕ

Со години, најголемите мејнстрим издавачи претпоставуваа дека жените особено, иако се фанови на романтичните новели, не сакаат да читаат романи со експлицитен секс. Паралелно, речиси и да не постоеше пазар за специфичните читателските интереси, како на пример геј романса во вселената или тројки со пирати.

Во меѓувреме, многу од читателската публика очигледно имала потреба токму за таквите сочни еротски четива, но луѓето беа премногу срамежливи за да влезат во локалната книжара и да купат книга со експлицитна секси корица и „чуден“ наслов, а воопшто и да не зборуваме за читање на такви книги додека сте во автобус или на пауза на работа. Кој би се осмелил?

Со растот на популарноста на електронските гаџети за читање, еротската фикција прејде во фаза на огромен пораст. За читателите, е-читањето ја овозможува долго-посакуваната приватност околу нивните читателски навики. Сега луѓето симнуваат еротика на нивните смартфони и е-читачи, без да мораат да црвенеат пред продавачите во книжарите, и сега луѓето читаат со ненарушено достоинство, кога и да им се чита, без да ја кријат корицата од луѓето во близина. Накратко, читателите добија многу слобода, а издавачите и авторите – доста профит; сличен ефект имаше и Интернетот врз порно-индустријата. Така, благодарение на е-читачите, најголем дел од еротиката денес се продава во формат на е-книга, а бизнисот цвета.
tumblr_m18qs8YBka1qd33kzo1_500[1]
Од друга страна, приватноста е безмалку илузија. Главните продавачи на е-книги, како Amazon.com, сé уште го следат секое ваше купување. Amazon дури води и сметка за тоа колку страни сте прочитале, нешто што во иднина веројатно ќе се обиде да го искористи при плаќањето на авторите (по прочитана страна). Тие точно знаат дека сте оставиле одредена книга уште по втората прочитана страна, но и колку пати сте ја прочитале онаа секси сцена од вашата омилена еротска книга. Сепак, дури и кога ќе се земе во предвид сознанието дека истите тие ја имаат и вашата адреса, име и број на кредитна картичка, сé е подобро од осудувачкиот поглед на продавачката во книжарата, нели?

- Реклама -