За Фејсбук, хакерите и кучето на Марк

Малку нешта во светот се поголеми од социјалната мрежа Facebook.

Основана во 2004 година, компанијата одржа иницијална јавна понуда пред само три години и веќе е меѓу десетте најголеми по пазарна капиталицација во светот.

Основачот на компанијата, Марк Цукерберг е на пат да влезе меѓу 10-те најбогати луѓе во светот. Еве неколку интересни факти за социјалната мрежа, кои можеби и не ги знаете:

1. Facebook е со нетрадиционална политика на вработување

Во 2005 година студентот Крис Путман ја нападна социјалната мрежа со вирус . Наместо да го подведе под одговорност, ко-основачот на компанијата Дастин Московиц влезе во преговори со Путман, со тоа што на крајот го убеди да се откаже од своето образование и да започне да работи како инженер во социјалната мрежа.

2. Facebook е познат по добрите односи кон хакери и програмери

Компанијата ги охрабрува корисниците да откријат грешки во социјалната мрежа, со тоа што најчесто ги наградува со награда од барем 500 долари, а понекогаш и повеќе. Во изминатата година компанијата платила 1,3 милиони долари на 321 корисници, кои откриле грешки во мрежата.

3. Facebook е со најголемо активно население во светот

Ако социјалната мрежа беше држава, тогаш таа би била најголема во светот со 1.39 милијарди активни корисници, според последните податоци. За споредба, населението на Кина е 1.38 милијарди луѓе.

4. Facebook ги поминува сите граници, за да се заштити брендот

Социјалната мрежа е сопственик на над 1 900 домени кои смета дека би биле закана за нејзиниот бренд. Таа оди прилично далеку, со тоа што регистрираше адреси како: IhateTheFacebookLikeButton.com LikeButtonSucks.com LikeSucks.com FacebookCreditsSuck.org FBCreditsSuck.org IHateFacebookCredits.com

5. Facebook веќе е десеттата најголема компанија по пазарна капитализација

Кон почетокот на неделата, социјалната мрежа го престигна според пазарната капитализација најголемиот трговски синџир во светот Walmart. Капитализацијата на Facebook веќе е 249 милијарди долари против 233 милијарди долари за Walmart. Ова се случува во позадина на фактот дека приходите на малопродажниот синџир се над 35 пати поголеми од оние на социјалната мрежа.

Марк Цукерберг пак стана побогат од кој и да е од членовите на семејството Волтон.

6. Кучето на Цукерберг е исклучително популарно на социјалната мрежа

Кучето на Марк Цукерберг има 2,1 милиони пријатели на Facebook. Самиот Марк и неговата сопруга – Прес Чан се грижат за редовното ажурирање на страницата на Бисти.

Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.

- Реклама -