Овој пат не глумат: Во овие филмови секс сцените се вистински (ВИДЕО)

Иако не станува збор за порнографија, во некои филмови актерите имале вистински секс.

Режисерите сакале во филмот да претстават вистински емоции, а не глума. Ова се филмовите во кои актерите се согласиле на секс пред камера во име на уметноста.

Антихрист (2009)

Режисерот Ларс вон Трир (58) се осигури целиот филм да изобилува со секс сцени. Овој филм, секако, не е единствениот во кој Ларс од актерите барал да имаат интимни односи, но е еден од најпознатите. Приказната ја следи еден брачен пар кој се обидува да ја преболи смртта на синот, на начин што тој заминува во една колиба која се наоѓа во шума. Сепак, таму им се случуваат многу мистични и необични нешта. Главните улоги ги играат Вил Дефо (59) и Шарлот Генсбур (43).

Калигула (1980)

Филмот на Френк Роселини, исто така, е полн со вистински секс сцени благодарение на тоа што продукцијата ја презеде основачот на списанието „Penthouse“ Боб Гучионе. Во филмот е опишан животот на римскиот император Калигула. Главните улоги ги имаат Хелен Мирен (69), Малколм Мекдауел (71), Питер О’Тул, Тереза Ен Савој (59) и Џон Гилгуд.

8mm 2 (2005)

Филмот првично го имал името „The Velvet Side of Hell“, но кога „Sony“ ги откупиле правата го преименувале во „8mm 2“. Режисер е Џ.С. Кардон (57), а заплетот се врти околу еден дипломат и неговата свршеница, кои во Будимпешта се впуштаат во секс во тројка, но сето тоа некој ќе го сними и подоцна ќе ги уценува.

Влез во празнината (2009)

Режисерот Гаспар Ное (50) ја раскажа приказната од перспектива на мртвиот дилер чија душа е сведок на случувањата. Филмот е снимен во прво лице па така и секс сцените.

Крстарење (1980)

Ал Пачино (74) е детектив во филмот на Вилијам Фридкин (79) и бара сериски убиец чии жртви се хомосексуалци. Поради истрагара оди во геј барови каде секс сцените актерите воопшто не ги глумеле.

Крт (1970)

Вестерн Алехандро Ходоровкси (85), оригиналниот наслов „El Topo“, спаѓа во најчудните филмови на сите времиња. Режисерот е исто така и главен актер во филмот, кој е критикуван од западното општество, а во филмот има сцена на силување.

Пинк Фламингос (1972)

Оваа црна комедија на Џон Вотерс (68) е еден од најнеобичните и најодвратните филмови на сите времиња. Перверзијата и експлицитните детали во филмот кои го следат животот на транвеститот Дивајн (42), кој се глуми самиот себе, не недостасуваат, па дури и секс сцена во која учествува и кокошка- вистинска.

9 Песни (2004)

Приказната на арт романтичната драма на Мајкл Винтерботом (53) следи девет песни и девет различни рок бендови. Филмот од почетокот е карактеризиран како контроверзен бидејќи изобилува со секс сцени меѓу двата главни актери.

- Реклама -