Денеска е Меѓународниот ден на пријателството

СПОДЕЛЕТЕ

Денеска, 9 јуни, го одбележуваме Меѓународниот ден на пријателството, прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Идејата на Светската организација за стимулирање на пријателството меѓу поединците и народите не е случајна. Пријателството е благородност и поддршка, способност да се создаде траен мост помеѓу земјите и различните култури за изградба на еден мирен и подобар свет.

Една арапска легенда за пријателството раскажува за двајца пријатели кои оделе низ пустината. На патот избувнала расправија и едниот „му врзал“ шамар на другиот. Жртвата, без да изусти збор, седнала и напишала на песокот: „Денеска мојот најдобар пријател ме удри!“

Продолжиле напред и стигнале до оаза, каде влегле да се искапат. Тажниот пријател одеднаш почнал да се дави, но навреме бил спасен од својот другар. Кога се освестил, напишал на еден камен: „Денеска мојот најдобар пријател ми го спаси животот!“

Заинтригиран, неговиот пријател го прашал: „Зошто, откако те удрив, напиша на песокот, а сега пишуваш врз камен?”

Насмеан, другарот му одговорил: „Кога сме повредени, треба да го напишеме тоа на песокот каде што ветрот на заборавот и простувањето ќе го избрише. Но од друга страна, кога ќе ни се случи нешто големо и прекрасно, треба да го гравираме на каменот на срцето, каде што ниту еден ветер не може да го избрише. ”

Затоа сакајте се драги луѓе, помагајте си. Во спротивно никогаш нема да имате што да напишете на каменот – име кое вечно ќе ве чува во неволја.

- Реклама -