Утре атрактивен бенд во атрактивниот ресторан Кањон Матка

Утре (недела) во реномираниот ресторан Кањон Матка ќе настапува атрактивниот бенд “Oggie&Angela”.

Тие дополнително ќе ја разубават прекрасната атмосфера и ќе ја пренесат својата позитивана енергија со нивните фантастичните cover-верзии на некои од најголемите светски изведувачи, како Стинг и Френк Синатра, и многу други. Од Огнен Стаматовски и Ангела Јосифовска може да очекуваме нови преубави изведби на познатите евергрин песни, кои ги прават во студиото на еден од најпознатите македонски композитори, Григор Копров.

11348927_10153337941187311_1651726286_n

Ресторанот Матка изобилува со прекрасен амбиент, боженствена природа и несекојдневна и исклучително вкусна храна, и неговата посета ставете ја на вашите омилени викенд активности.

Подолу во видеото може да погледнете дел од изведбите на Оги и Ангела:

- Реклама -