Студентите пешачат 14 ката! Не работат лифтовите во „Гоце Делчев“

Ниту еден лифт не работи во студентскиот дом Гоце Делчев, и тоа повеќе од еден месец, па студентите се приморани да пешачат и по 14 ката.

Студенткиот пленум, на интернет го објави проблемот, апелирајќи кон надлежните да превземат некаква иницијатива.

И студентите се жалат на лошите услови во студентскиот дом, не можејќи да разберат како со децении, никој не се зафаќа да го реши овој проблем, кој пред неколку месеци стана главна тема и во светските медиуми.

Прочитај повеќе: Хорор: За условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ дозна светот

„Со што ние заслуживме да немаме топла вода, храна во мензите и продавниците, функционални лифтови и низа други неопходни услови за живот“, прашуваат тие.

NRl9eXu

- Реклама -