Скопјанец нашол бомба и си ја однел дома

СПОДЕЛЕТЕ

Лице од Скопје, деновиве пријавило во полициската станица во Кисела Вода, дека пред 10 дена пронашло експлозивна направа.

Направата била пронајдена на кејот на Вардар, во близина на локалот „Жабар“, зад Владата на Република Македонија, велат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за минско-експлозивна направа, до ознака AGL30мм.

Лицето кое ја чувало направата дома, има 63 години, а засега не се дадени други информации околу случајот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ