Дали се сеќавате на него? Најмускулестото дете во светот порасна!

СПОДЕЛЕТЕ

Кога имаше само 8 години тој имаше помускулесто тело од половина бодибилдери во Америка, но денес, 15 години подоцна, изгледа потполно поинаку.

Ричард Сендрак беше најсилно момче во светот пред 15 години. Вежбаше секој ден заедно со неговиот татко, и изгради тело какво што ретко се гледа. На само осум години имаше подобро дефинирани бицепси и стомак од повеќето бодибилдери, па не беше ниту чудо што луѓето го викаа мал Херкулес.

richard-sendrak-2

Но, децении подоцна неговиот живот се развил во сосема поинаква насока, па денеска изгледа потполно поинаку. Ричард има 23 години, долга коса и многу малку (речиси воопшто) мускули. Работи како каскадер во холивудските филмови на студиото „Universal“.

Престанал да тренира откако неговиот татко заминал во затвор поради злоставување на неговата мајка, кога тој имал само 11 години. Ова е неговата приказна.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ