Еколошко и евтино – ефективно средство против комарци кое сите го имаме дома

Бидете еко-свесни и економични, па наместо да користите различни хемиски агенси, за борбата против досадните комарци, користете старо кафе.

Покрај тоа што се користи во компостирање, наѓубрување на растенијата и во ексфолирање на кожата, исушените стари зрна кафе или меленото кафе е супер ефикасно како средство против комарци, според US Environmental Protection Agency (EPA). Комарците и другите инсекти, целосно ги одбива миризбата создадена од горење на кафе! Еве како да го направите тоа.

Забелешка: Зрната кафе се подобри, но исто така можете да користите обично кафе.

beans to ground coffee

Соберете го кафето и ставете го во чинија, а потоа покријте ја со алуминиумска фолија. Ставете ја на ладно, суво место, додека не се исуши целосно.

Ставете ја фолијата со сувото кафе во чинија на рамна површина, како што е масата, на отворен простор. Осигурајте се дека во таа област животните или децата немаат пристап.

Горете го кафето со запалка или кибрит, додека не почне да дими.

Кафето полека ќе почне да гори, и тоа ќе ги избрка комарците.

Можете да го обликувате кафето во должина. Запалете го на крајот, и тоа ќе гори полека и ќе биде исто толку ефикасно.

Овој едоставен трик работи одлично.

Еве уште неколку дополнителни совети од нашите читатели: Ставете свежо ловоров лист наместо електронски апчиња против комарци. Вреди да се проба.

Горењето на кафе, покрај наведеното, можете да го користите и против мравки. Само посипете дел од кафето врз местото опколено од мравки, и проблемот е решен.

- Реклама -