Млечна забава во Рамстор Мол по повод Светскиот ден на млекото и децата

Трговскиот центар Рамстор и Млекарата Здравје Радово го одбележуваат Светскиот ден на млекото и децата.

По тој повод на 01 јуни, понеделник, со почеток од 12 часот до 18 часот ќе започне млечната забава за најмалите.

Предвидени се повеќе видови на млечни активности, меѓу кои изложбени штандови за дегустација на млеко и млечни производи, подароци за присутните посетители, додека за најмудриот мал победник кој ќе одговори точно на сите интересни прашања ќе добие подарок онолку килограми млеко колку што изнесува неговата тежина.

Исто така на Светскиот ден на млекото и децата во сите маркети на Рамстор се предвидени промотивни попусти на одредени производи. Модератор на целиот настан ќе биде Марко Новески кој ќе се погрижи за одличната атмосфера, додека на сите посетители на Рамстор Мол им ветуваме многу изненадувања и забава за најмалите потпомогнато од млекара Здравје Радово.

р

- Реклама -