Кукли со хендикеп

СПОДЕЛЕТЕ

Ви ги претставуваме Ева, Хети и Мелиса. Убави кукли, но не сосема обични … токму затоа што и не сите деца се обични.

Мелиса има дамка од раѓање на лицето, Хети носи слушно помагало, а Ева има потреба од огромни очила и бастун, бидејќи има проблеми со видот.

Целта на оваа серија е да се бори против дискриминацијата во општеството, да им помогне на децата да ги прифатат различностите и претежно да им овозможи на децата со посебни потреби да имаат кукла како самите себе.

94a12d3e0f08f34eb5e5a251d481e583

Иницијативата е на британската компанија Makies и е инспирирана од родителската кампања „Играчка како мене“.

Мајките и татковците на децата со посебни потреби ја почнуваат кампањата, свртувајќи се кон големите производители на играчки со апел да не создаваат само кукли, извадени како по калап, туку да помислат и за создавање на играчки, претставувајќи херои со хендикеп и покажувајќи ги во позитивна светлина.

Тие инсистираат производителите да се стремат кон максимална разновидност во производството на кукли кои им се нудат на децата, за да не се создаваат стереотипи.

271b478f906b2157064e50e10bafe94a

Makies е компанија која се занимава со производство на уникатни играчки преку тридимензионално печатење, со тоа што секој корисник може да создаде кукла по свој вкус, избирајќи од бојата и должината на косата, формата на очите, бојата на кожата.

Во категоријата #ToyLikeMe! се нудат за моментов трите кукли Ева, Хети и Мелиса, со тоа што постои можност кон секоја од нив да се нарачаат додатоците како бастуни за луѓе со оштетени нарушувања.

Уште во 2013 година брендот Mattel создадоа Барби без коса во поддршка на децата, кои се изложени на хемотерапија. Производството на серијата повторно се случи по родителска кампања која собрала над 150 илјади потписи за идејата.

ae83b9cdf97e2febfaa70ed2f786ee3b

Во сетовите кои се шират претежно во болниците во САД и во Канада, освен кукли се нудат и неколку перики и шалови за глава.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ