Кој е сега крал?

СПОДЕЛЕТЕ

Верувале или не, биволите го натерале лавот да ја свитка опашката и да побегне на дрво, а сето тоа е овековечено во една неверојатна фотографија.
Ретка глетка е насликана во Масаи Мари во март и прикажува лав кој „кукавички“ бега од опасност. Покрај бегањето на необично прибежиште, опасноста не минала толку брзо, бидејќи биволите – склони кон газење како стампедо – се собрале под дрвото и чекале лавот да падне.

Чарлс Комин, некогашен американски научник, уживал во неверојатен резерват во Кенија со својата сопруга. Биле недалеку од стадото биволи кои внимателно го чувале новороденчето. Меѓутоа, животните изненадувачки здивеле.

„ Одеднаш буквално од никаде, се појави мажјак лав. Сепак, набрзо започна да бега, бидејќи биволите него го збркаа“, вели Чарлс.

После само неколку секунди поминати на дрвото, лавот почнал да се тресе и полека да се лизга низ стеблото. Очајната голема мачка испуштила крик и изненадувачки скокнала од дрвото и исчезнала во грмушка, со страв во очите.

„Лавот не можел уште долго да издржи, можел да почувствува дека е осуден на пропаст – така што морал да се обиде уште еднаш да побегне“, заклучува Чарлс.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ