Зошто една жена се јави на 911, за да нарача пица?

Кит Вејсингар работел 2 години (2004-2006) како полициски диспечер, пред да почне да студира право.

Кит објавува во AskReddit приказна за еден исклучително чуден повик во полициската станица. Неговиот расказ наидува на огромна популарност.

Имено, една жена се јавува на 911, со цел да нарача пица за дома. Лажните дојави не се реткост дури и на линиите за итни случаи.

Еве како се одвивал целиот разговор:

Полицаец: 911, каде се наоѓа итниот случај?

Жена: 123 ул. “Мејн Стрит”.

Полицаец: Океј, што се случува таму?

Жена: Би сакала да нарачам пица за дома.

(Полицаецот мисли: Прекрасно, уште еден лажен повик.)

Полицаецот: Г-ѓо, сте се јавиле на 911.

Жена: Да, знам. Нека биде голема, половина со феферонки, другата половина со печурки и пиперки.

Полицаец: Ммм … жалам, свесни сте дека се јавувате на 911, нели?

Жена: Да, можете ли да ми кажете за колку време ќе пристигнете?

Полицаец:  Добро, госпоѓо. Се ли е во ред таму? Има ли некаква неправилност?

Жена: Да, има.

Полицаец: И не можете да зборувате за тоа, бидејќи има некој друг во собата?

Жена: Токму така. За колку време ќе биде тука?

Полицаец: Наш службеник се наоѓа на околу милја од вашата локација. Дали има некое оружје во куќата?

Жена: Не.

Полицаец: Можете ли да останете на телефонот со мене?

Жена: Не.

По разговорот во куќата пристигнува вработен и го апси сопругот на дамата за семејно насилство. Мажот е пијан и ја малтретира својата сопруга.

Денес Вејсингер работи во американската агенција за заштита на животната средина. Тој споделува со BuzzFeed:

„Овој повик се случи пред околу десет години. Тогаш бев на смена од шест вечерта до шест наутро и се сеќавам дека жената се јави околу полноќ. Отпрвин беше мирна, но потоа почна да одговара многу кратко и тивко. Добра околност беше тоа што во близина на адресата се наоѓаше наш вработен.“

Кит вели дека повикот е пример за генијалност, концентрација и адекватно размислување.

- Реклама -