Home УмниБус Љубов и секс Неколку инсајдерски вистини за порно индустријата

Неколку инсајдерски вистини за порно индустријата

0
Неколку инсајдерски вистини за порно индустријата

Американката Мајли Вест е порно-ѕвезда која во филмската индустрија за возрасни е уште од свои 18 години. Таа открива неколку вистини од зад камерите:

 
Луѓето главно не веруваат кога ќе им кажете дека работите во порно-индустријата
„Еднаш кажав во друштво дека се бавам со снимање на порно-филмови, а пријателите не ми веруваа. После им реков дека работам со дресура на делфини и ми поверуваа без сомневање.“

Речиси секој оргазам во порно-филмовите е лажен
„Понекогаш девојката навистина ќе доживее оргазам на снимање, ама по правило го глумиме – тоа ни е работа.“

На почетокот на кариерата, новите девојки учат како да симулираат оргазам
„Тоа е цела уметност… Воздишки, благо отварање на устата, затворени очи…“

Дури и машката ејакулација најчесто е лажна
„Вистинскиот агол при снимањето, силни карлични мускули и малку вода… илузијата е создадена“

Многу порно-ѕвезди имаат и друга работа, и тоа од досада
„Најчесто, во некој стадиум од порно-кариерата имате снимање еднаш или два-пати неделно. Па така, имате многу слободно време“

article-canyons3-0227[1]

На снимање обично многу ни студи
„Греалките прават бука, па не можеме често да ги користиме. Самите простории знаат да бидат многу студени“

Порно-актерите не ги гледаат своите филмови
„До сега имам погледнато само еден свој филм“

За време на менструација, девојките снимаат, но со сунѓер
„Трикот е во тоа во вагината да ставите еден од оние сунѓери за нанесување шминка. Тоа го запира крварењето“

Во Австралија, најголем дел од продукциските куќи ги водат жени
„А жените и подобро заработуваат“

Вијагра не е дозволена
„Ако актерот земе вијагра, тоа веднаш се забележува. Лицето му поцрвенува, а тоа не изгледа добро на камера. Најмногу заради тоа, вијаграта не е пожелна“

Тестирање за полови болести
„Секоја сериозна продукциска куќа врши редовни прегледи на своите вработени“

Најголемиот дел од порно актерите и актерките се горди на тоа што го работат
„Од оваа работа може многу добро да се живее. Ние, кои сме во порно-индустријата, не се срамиме од својата работа и никако не се мразиме самите себе заради она што го правиме“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here