Одлични филмови за успехот, со кои нема да згрешите

Успехот е нешто кон кое што се стремиме сите ние.

И не помалку интересни се приказните за луѓе кои ја имаат доживеано во својот живот моќта на славата, парите и кариерата. Луѓето кои што долетуваат, паѓаат и воскреснуваат.

Ако сте љубител на оваа тематика, ви нудиме 10 филмови. Било кој од нив да го изберете, нема да погрешите.

Limitless

1

Њујоршки писател доаѓа до креативна дрога која прави неговиот мозок да работи во нереални моќи. Неговиот живот се менува и тој заработува многу пари. Целта е исполнета, што потоа?

Arbitrage

2

Проблематичен магнат, решава да ја заврши продажбата на својата империја, но прави грешка што го тера да се сврти кон едно лице за помош.

The Social Network

3

Филмот раскажува за создавањето на една од најпопуларните онлајн социјални мрежи – Фејсбук.

The Wolf of Wall Street

4

Интелигентнинот брокер основа сопствен бизнис кој ќе го одведе до насловната страница на Форбс. Ова е драма за застрашувачката моќ на славата и милионите.

The Devil Wears Prada

5

Таа сонува да биде информативен новинар, но завршува како асистент на Миранда Присли, озлогласен уредник на едно од најголемите модни списанија во Њујорк.

Steve Jobs: One Last Thing

6

Во филмот имате можност да дознаете многу повеќе за Стив Џобс, основачот на „Епл“ кој засекогаш го промени светот на технологијата.

Burlesque

7

По смртта на родителите, Али (млада девојка со прекрасен глас) заминува во Лос Анџелес. Таму добива работа како водителка на ноќниот клуб „Бурлеска“ и за кратко време стекнува бројни пријатели и фанови.

Thank You for Smoking

8

Работата на Ник Нејлор не е едноставна. Тој треба да лобира за тутунската индустрија и да ја докаже корисноста на цигарите. Сепак, самиот Ник никогаш не верувал во тоа дека цигарите се корисни. Одличен филм за моќта на маркетингот.

The Crooked E

9

Уште еден филм за маркетинг и кариера, а овој пат приказната започнува во гаражата на корпорацијата „Енрон“.

Margin Call

10

Глобалната економска криза веќе започна. Една група на врвни менаџери на Вол Стрит се во потрага по рецепт за спас. Тие се соочуваат со избор – да продаваат акции или да чекаат развој.

Уживајте во нашите филмски предлози.

- Реклама -