Погача со зеленчук

За четири лица: 250 г. брашно, 125 г. растителен маргарин, 300 г. сирење, 1,5 дл. млеко, 6 стебла естрагон, 100 г. шампињони. 200 г. домати, 2 главици кромид, 2 лажици сончогледово масло, сол и бибер по вкус.

1. Измешајте ги брашното, маргаринот и 5 лажици вода во голем сад, замесете глатко тесто и  равијте го околу 25 сантиметри. Калапот за колачи намачкајте го со масло, посипете брашно, ставете го тестото, па дното и рабовите притиснете ги оставете ги да се оладат околу 30 минути.

1

2. Сирењето исечете го на коцки и варете го пет минути во зовриена вода, исцедете го и оладате. Во блендер измиксајте го сирењето со млеко, додадете исецкан и исчистен естрагон, посолете и побиберете.

2

3. Шампињоните исечете ги на тенки кришки. На загреано масло пропржете го иситнатиот кромид, додадете печурки и кратко динстајте. Тестото намачкајте го со филот од сирење, ставете зеленчук и преполовен домат. Печете во рерна на 180 степени околу 40 минути.

3

- Реклама -