Поништени евровизиските гласови на Македонија и Црна Гора

СПОДЕЛЕТЕ

По завршувањето на јубилејното 60-то издание на Евровизија кое се одржуваше во Виена, беше соопштено дека биле дисквалификувани гласовите од Македонија и Црна Гора.

На официјалната страна на Евровизија се појави соопштение дека гласовите од нашата земја и Црна Гора биле дискфаликувани поради тоа што биле само по пат на телевоутинг. Изземањето на доделените поени од двете држави не влијае на крајниот резултат, победата на претставникот на Шведска, Монс Зилмерлоу со песната „Heroes“  се вели во официјалното соопштение од Евровизија.

Според официјалната страница на Евровизија гласањето на двете земји во големото финале не е прифатено по консултација со независен набљудувач на гласањето на натпреварот, а по одлуката на Извршниот супервизор и претседателот на Референтната група.

Во двете земји, гласовите се 100% од телевоутинг. Исклучувањето на две земји ќе биде дискутирано на следниот состанок Референтната група во јуни.

- Реклама -