Ослободете се од болката во грбот, вратот и зглобовите

СПОДЕЛЕТЕ

Јасно е дека сите токсини во телото создаваат потиштеност и заради тоа е важно да се исчисти телото од токсините.

Постојат различни методи на детоксикација и успешни начини на чистење на телото. Но, ниту една не е толку ефикасна како што е детоксикацијата на организмот со ориз.

Земете обичен ориз во количина со онолку лажици колку што имате години (ако имате 35 земете 35 лажици).

Измијте го и ставете го во стаклена тегла.

Наполнете ја теглата со топла вода, затворете го капакот и оставете ја во фрижидерот.

Следното утро исцедете ја водата. Земете една полна лажица ориз и гответе ја 3-4 минути без сол (во обична вода).

Јадете го оризот на празен стомак, по можност во утринските часови.

Пополнете го останатиот ориз повторно со зовриена вода и оставете ја теглата во фрижидер до следното утро.

Повторете ја оваа постапка на чистење на телото секој ден, додека не го изедете целиот ориз.

Тајната на овој метод лежи во зрното ориз, кое има кристална структура. Кога зрната се потопени во вода скробот се отстранува и клетките се појавуваат. Оризот се вари во цревата, а не во стомакот па неговите зрна делуваат како апсорбент. Со овој метод цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови на телото се ослободуваат од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на телото со ориз помага организмот да се нормализира и ја регулира телесната тежина. По третманот, не само што ќе се чувствувате поздраво, туку и помладо. Ова е еден услов: по земањето на ориз во утринските часови се препорачува ништо да не се јаде или пие најмалку 3 часа.

По ова чистење, болките во грбот, вратот и зглобовите исчезнуваат. Ефектите на третманот не се моментални, туку постепени. По две недели, почнува чистењето на телото. И ќе приметите, токсините ќе бидат исфрлени преку урината и излачувањето. Бојата на урината ќе се промени и ќе стане поматна.

Не заборавајте да пиете многу течности- најмалку 2 литри вода дневно. Најдбро е да пиете вода и зелен чај.

- Реклама -