Денеска се слави Спасовден

Пред да го објасниме значењето на денешниот празник, им посакуваме многу здравје и љубов на сите оние кои го носат името Спасе, Спасен, Спасенија.

Вознесение Христово или Спасовден е христијански празник кој се слави 40 дена по Велигден. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.

Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

- Реклама -