Огромен успех на GTA5

СПОДЕЛЕТЕ

Една од најпродаваните игри веќе надмина бројка од 52 милиони испорачани примероци, а се очекува истата да порасне, со оглед на тоа што само неодамна GTA 5 пристигна во верзија за компјутери.

Grand Theft Auto 5 е исклучително успешна игра, а од септември 2013, издавачот Take Two испорача речиси 52 милиони примероци од играта. Новниот број  е за седум милиони копии поголем од февруари, а во меѓувреме играта најпосле пристигна и во PC верзија. Меѓутоа, уште не е познато колку од тие 7 милиони се однесуваат на оваа верзија.

Take Two објави и финансиски извештај во кој се наведува дека онлајн продажбата, која вклучува и купување на пари во играта, пораснала за 66 проценти на 202,5 милиони долари во однос на истото растојание минатата година и претставува 47 проценти квартални приходи.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ