Епско испраќање на Македонецот Николче Новески од Мајнц

Изминот викенд беше тажен и расплакан за германскиот клуб Мајнц, кој после 11 години заедничка борба на фудбалските терени, се збогуваше со македонскиот интернационалец Николче Новески. Со атмосфера интензивна како онаа во која викендов Ливерпул се збогуваше со Стивен Џерард, бундеслигашот се прости од својот капитен, Новески, кој не успеа да ги задржи солзите.

Македонецот го одигра последниот натпревар пред домашната публика во дресот на Мајнц, додека неговото име громогласно се скандираше на трибините. Во една прилика Новески и се качи на неа да навива со своите навивачи, а доби и почести од своите соиграчи и стручен штаб.

Бундеслигата излезе со видео од збогувањето на поранешниот македонски репрезентативец, и оваа чест ја спореди со онаа која му беше оддадена и на Џерард.

- Реклама -