15, 30, 40… Од каде вакво броење на поените во тенисот?

За разлика од другите спортови, тенисот има некој свој чуден начин на бодување на поените. 15, 30, 40… Од каде па сега тоа?

Не може да се каже со сигурност, а постојат повеќе теории. Сепак, мнозинството од љубителите на „белиот спорт“ смета дека следново објаснување е она вистинското.

Имено, кога тенисот почнал да се игра, а тоа се случило уште во 18-от век, идејата била поените да се бодуваат според часовникот. Па така, првиот поен носел 15 бода (односно 15 минути, 1/4 час), вториот 30, третиот – 45, а финалниот – 60 „минути“. Но, поради потребата да се победи со два разлика во случај на „нерешено“ т.е. „deuce“ (на резултат 40-40), третиот поен е изменет и носи 40 „бодови“. Преднсота, во тој случај, носи 10 бодови, исто како и финалниот поен. Сé на сé, повторно добиваме сума од 60 минути.

- Реклама -