Утре во Рамстор Мол- хуманитарна акција за одбележување на Светскиот ден на детското боење

Рамстор Мол во соработка со компанијата Staеdtler, децата од домот 11 Октомври и сите дечиња љубители на цртањето под мотото Ден на добрина и уметност, утре (06.05.2015)  со почеток во 11.30 часот во трговскиот центар ќе го одбележат светскиот ден на детското боење.

 Овој интернационален ден ќе се одбележи со интересна кампања која има за цел собирање на средства за домот за деца без родители преку продажба на цртежи кои дечињата сами ќе ги сликаат во трговскиот центар.

Посетителите во трговскиот центар ќе имаат можност да го набљудуваат процесот на креирање на цртежите и да бидат дел од забавата во која ќе уживаат малите креативци. Тие ќе можат да ја покажат својата хуманитарна страна преку купување на уметничките дела и на тој начин ќе го поддржат овој настан.

Светскиот ден на боењето, се одбележува на овој начин, со цел симболично да ја пренесе пораката за подобрување на светот во кој живееме со креативно цртање во весели и шарени бои.

11193315_899170130139035_7742579628256507206_n

- Реклама -