Соларна скара пече без дим и оган

Оваа скара пече без дим и оган и може да работи и во текот на ноќта иако ја покренува соларна енергија.

За нејзината изработка биле потребни 130.000 евра, а можно е да се купи и по пат на интернет за 230 евра.

„Целото утро го поправав системот за соларно греење на вода. Имав вишок вакуумски цевки и мислев дека во нив можам да го загреам својот појадок. Излезе печен, а јас имав изум“, вели Американецот Патрик Шервин за соларната скара.

За да ја развие идејата и да го пласира производот на пазарот, му биле потребни околу 130.000 евра. Проектот под името GoSun го поставил на страната за донации Kickstarter, а љубителите на храна собрале пари за една седмица.

„ Тајната на скарата е во нејзината батерија. Сонцето треба да ја полни околу два часа, а таа потоа може да пече со саати“, вели Шервин.

Скарата развива температура од 150 до 200 степени. Еднаш наполнетата батерија можете да ја искористите во текот на ноќта, а во природа повќе нема да мора да носите дрвја и јаглен. Освен тоа, оваа соларна печка ќе може и да готви, а одеднаш во неа може да стои храна која е доволна за осум гладни луѓе. Може да се нарача и на интернет, а почетната цена е 230 евра.

- Реклама -