Македонија во чекор со светскиот тренд: Неформалното образование во подем

СПОДЕЛЕТЕ

Растот на тренинг центрите, академиите и останатите организации за неформално образование е тренд кој се наметна поради динамичниот развој на одредени индустрии, чии промени формалното образование во светски рамки несоодветно ги следи.

Се работи за индустриите поврзани со напредни технологии, програмирање, социјални и дигитални медиуми, како и веб дизајн. Брзо растечките индустрии, трансформираните пазари, наметнуваат иста динамика и во образованието.

Сличен е трендот и на македонскиот едукативен пазар. Академиите со тесно специјализирани смерови, имаат значителен раст на новозапишаните студенти.

994684_10152034769003446_639447987_n

Студентите на овие академии варираат во однос на претходно професионално и академско искуство: од студенти кои се запишуваат веднаш по зврашувањето на средното образование, студенти кои го напуштаат или надополнуваат формалното образование, па се до среден и висок профил на професионалци кои ја менуваат професионалната насока.

1001578_10152279233578446_319712832_n

Еден од најбрзо растечките едукативни центри во Македонија е Seavus Едукативниот и развоен центар, кој логистички и концепциски се потпира на експертизата на ИТ гигантот Seavus. Едукативниот центар има три академии со интензивни едногодишни студии студии – Академија за програмирање, Дизајн и Компјутерски мрежи на кои во тековната 2014/2015 студираат 120 студенти на сите насоки.

Она што програмата ја прави исклучително атрактивна се од една страна современите  курикулуми, докажаните предавачи и експерти, чија задача е покрај пренесување на знаењето и мотивирање и инсоирирање на студентигте, понатаму одличните услови за учење и работа и најважното стремежот на центарот низ реални проекти и активности, а со тоа да ги подготвува идните професионалци за сите предизвици кои доаѓаат од бизнис средината.

1010125_757212767667791_8027761597620961821_n

Поаѓајќи од јазот што постои помеѓу потребата од експерти кај работодавците и недостатокот на подготвенсот кај дипломираните студенти, Seavus едукативниот центар развива персонализирана едукативна програма која од една страна го потенцира и насочува талентот на студентите, а од друга страна ги претвора во кадри подготвени за реална работа и развој.

,,Огромно е задоволството кога наши студенти се интервјуирани и регрутирани од познати домашни, па и странски компании уште за време на студирањето. Тоа е поттик и за останатите кои студираат, а најголем за нас, бидејќи тоа е доказ за квалитетот на програмата. Токму врската помеѓу образованието и индустријата е клучот за заемни достигнувања. Оваа важна спрега се трудиме да ја обезбедиме на уникатен и пред се забавен начин, преку секојневно приблиување на овие навидум различни света обезбедувајќи различни модели на менторирање“, објаснува Весна Ивановска, директор на Seavus едукативниот центар.

1477381_10152034766273446_2024634747_n

,,Овогодинешната кампања е под слоганот “ Be the difference, Маке а difference”  кое подеднакво се однесува и на центарот како пионер кој  донесе вистинска промена  на пазарот на ИТ едукација, но и на нашите сегашни и  идни студенти кај кои градиме култура на одличност, уникатност и револуционерност и препознатливост“.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ