Домашен напиток што го намалува холестеролот

СПОДЕЛЕТЕ

Оваа комбинација на намирници го штити вашето срце и го зајакнува имунитетот.
Најзначајниот ефект од овој домашен напиток е регулирањето на нивото на маснотија во крвта. Покрај тоа, конзумирајќи го овој напиток ќе го зајакнете имунитетот.

Еве што ви е потребно за подготовка:

4 главици лук

4 лимони

3-4 см. корен од ѓумбир или 2 лажици ѓумбир во прав

2 литри вода

Лимонот измијте го добро и исечете го на ситни парчиња.

Главиците лук исчистете гу и иситнете ги во блендер заедно со ѓумбирот и лимонот. Ставете ја мешавината во вода и варете додека не започне да врие.

Тогаш, тргнете ја од шпорет и оставете ја да се олади. Исцедете го напитокот и сипете во стаклено шише.

Земете 2 децилитри од овој освежувачки напиток еднаш во денот, барем два часа пред ручекот, на празен стомак. Пијте од напитокот триседмици, а потоа направете пауза една надела.

Пред употребата на природни лекови, задолжително посоветувајте се со вашиот доктор.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ