Мал цветен фустан: Модна фантазија која ја враќа романтиката

Овој модел на фустани ја истакнуваат женственоста и го освежуваат целокупниот изглед.
Оваа сезона модните експерти го истакнуваат малиот цветен фустан како моден императив. Дезенот е инспириран од пролетта, а овие фустани можат да се носат во секоја прилика.

Се препорачува шарениот фустан да го носите со други аксесоари кои се еднобојни, за да дојде до израз.

Цветните мотиви даваат младешки и свеж изглед, а тоа како изгледате влијае и на вашето расположение, па никогаш нема да симнете насмевка од лицето.

Малиот цветен фустан можете да го носите со балетанки, патики или високи потпетици, а можете да го носите и со сако или тексас јакна.

Да потсетиме, впечатливиот мал фустан го носеше Амал во Венеција, после венчавката со холивудскиот заводник, Џорџ Клуни.

amal-kluni-u-cvetnoj-haljini-1429878474-57794

- Реклама -