Започнало со силни болки во стомакот, кои подоцна ги запрепастиле докторите

СПОДЕЛЕТЕ

Фармерот Раџпал Синг од индиската држава Панџаби, заминал на лекар минатата среда, а резултатите од испитувањето ги запрепастиле докторите. Се започнало со силни болки во стомакот, а потоа било утврдено дека во него се наоѓаат стотина страни тела.

Фармерот бил опериран два пати, а за време на операцијата од неговото тело биле отстранети 140 монети, 150 шајки, многу штрафови и батерии.

doktori-endoskopija-2

„Голтав парички и метални предмети со сок или млеко. Западнав заради семејни проблеми во депресија, и тогаш ја стекнав оваа одвратна навика“, изјавил фармерот.

Оваа навика можела да го убие Синг. „Докторите ми кажаа дека овие предмети можеле да ми ги пробушат цревата поради што на крајот би умрел. Но сега ми е многу подобро. Веќе никогаш нема ова да го направам“, додал тој.

doktori-endoskopija-4

Раџпал бил опериран подолго од девет часа. „Пациентот дојде со силни болки во стомакот. Кога направивме ендоскопија не запрепасти огромниот број на страни тела“ изјавил еден од докторите.

- Реклама -