Дали тоа човештвото штотуку „патуваше“ побрзо од светлината?

Денешниот ден може да се покаже како најважниот во човековото постоење и почеток на нова ера за луѓето.

Научниците на НАСА кои работеа на проектот EmDrive, сосема случајно дојдоа до најголемото откритие во историјата на астронаутиката. Имено, постоењето на “ворп“ погонот (патување со поголема брзина од онаа на светлината, кој работи на принцип на искривување на просторот и времето) стана реалност – во една од коморите под капата на EmDrive, ласерскиот зрак патувал побрзо од светлината. До сега, ова беше сметано за можно само „на хартија“, а сега за прв пат е покажано како точно во пракса.

Веста ги поплави научните форуми, а неколку популарни веб-сајтови потклекнаа под големата навала на посетители.

Според најчестите коментари што кружат околу веста, се вели дека ни самите научници не биле свесни што всушност постигнале додека го извршувале редовниот експеримент, а уште помалку дека создале нешто што сме го виделе само во научно-фантастичните филмови.

„Ова е огромно изненадување. Овој запис на EmDrive-от изгледа баш онака како што треба да изгледа ворп-балонот. А математиката која стои зад ворп-балонот е иста како оваа на примерокот од EmDrive. Изгледа дека сé настана случајно. Еден од научниците тврди дека ласерот кој патувал побрзо од светлината предизвикал закривување на времепросторот“, објаснува еден од експертите.

Патем, „ворп“ погонот е измислен од физичарот Мигуел Алкубиер. Ворп-балонот е структура која го искривува времепросторот околу објектот и му овозможува да ги „изигра“ правилата, преоѓајќи огромни растојанија за многу кратко време. Едноставно, ворп-балонот ги збива времето и просторот.

Се разбира, објектот може да биде и вселенски брод. Во ворп-просторот тој би се движел со нормална брзина, но благодарение на процесот на „збивање“, просторот би се движел со брзина поголема од онаа на светлината. Ако се воспостави дека резултатите од експериментот се издржани, тоа би значело дека во блиска иднина човештвото би можело да патува до најблиската ѕвезда за само два дена. До истата таа ѕвезда, на светлината и се потребни 4 години!

Star_Trek_Warp_Field[1]

- Реклама -