Да возиш по најстрмната улица во светот

СПОДЕЛЕТЕ

Улицата Болдвин се наоѓа во градот Денидин, во јужниот дел на Нов Зеланд и е носител на титулата „најстрмната улица во светот” од Гинисовата книга на рекорди .

Оваа 350-метарска делница од населеното место започнува со умерено навалување и потоа стрмно издигнување, со тоа што максималниот наклон достигнува 1: 2.86 или 19 степени. Со други зборови, нивото на улицата расте за 1 метар на секои 2.86 метри.

1

Таа е толку стрмна што е бетонирана, но не е покриена со асфалт, кој во потоплите денови е можно да потече по падината.

2

Невообичаено стрмниот пат е резултат на лошо планирање. Улицата била проектирана од страна на специјалисти во Лондон, кои немале никаква претстава за топографијата на градот. Тоа довело до изградба на голем број на улици кои се наоѓаат на исклучително стрмни ридови.

3

Денес жителите на Денидин се гордеат со изгледот на улицата Болдвин.

4

Секое лето тука се одржуваат бројни хуманитарни манифестации и натпревари. Како изгледа возењето по најстрмната улица во светот? Погледнете во видеото:

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ