Кои од овие работи потсетуваат на вашето детство?

СПОДЕЛЕТЕ

Ален де Ботан од The ​​School of Life го создаде ова прекрасно видео кое доловува карактеристични (и непроценливи) моменти од едно детство.

Без ниту една реплика, Memorable Things About Childhood ќе ве врати назад во времето кога сè беше едноставно и поубаво.

Моменти на чудење

1

Врнежливи капки, оставаат трага по прозорецот. Утринската роса, блеска по тревата на патот кон училиштето – а ние, изненадени и зачудени ги гледавме овие мигови со голема љубопитност.

Моменти на тага

2

Да го видиш одразот во огледалото кога плачеш. Да се чудиш зошто сè е толку неправедно. Да си ветиш дека кога ќе пораснеш, секогаш ќе бидеш праведен / а.

И најдобрите моменти…

3

Отскокнување на креветот. Имаш најдобар пријател.

Преживејте ги повторно овие скапоцени моменти …

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ