Рамстор Мол и Inner Wheel Club Скопје Ве канат на заедничко одбележување на месецот на аутизмот

СПОДЕЛЕТЕ

По повод одбележување на Месецот на Аутизмот, утре (24.04) петок во Рамстор Мол ќе се одржи голем хуманитарен настан со цел собирање на средства за децата со аутизам.

 “Разбери, Прифати, Помогни” е пораката со која Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението Во мојот свет и Рамстор Мол ги повикуваат сите граѓани да го дадат својот придонес во оваа донаторска акција.

Со почеток во 11.30 часот, овој хуманитарен настан ќе се состои од креативна работилница за цртање на уникатни цртежи кои подоцна ќе се продаваат на продажни пунктови во трговскиот центар, а каде главни креативци ќе бидат децата со аутизам од здружението Во мојот свет. Покрај креативната работилница, децата со аутизам ќе настапат и со свои однапред подготвени музички точки и рецитали.

Посетителите на Рамстор Мол ќе добијат можност да се вклучат во процесот на креирање и создавање на цртежите, да си купат цртеж и со тоа да донираат во специјалните кутии кои ќе бидат поставени во трговскиот.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за подобрување на општата состојба на децата со аутизам. Рамстор Мол, Inner Wheel Club од Скопје и Во мојот свет  ги канат сите хумани граѓани да бидат дел од овој настан.

r

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ