Како правилно да го чистите вашиот папок?

Папокот е дел од телото на кое често не му обрнуваме доволно внимание.

Имено, оваа лузна која сме ја добиле сите по раѓањето и отстранувањето на папочната врвца, треба да се чисти исто како и останатите делови од телото. Кога ќе ви откриеме колку хигиената во овој дел од телото е едноставна ќе се прашувате зошто сте го запоставиле до сега.
Вообичаеното туширање не е доволно за чистење на овој дел од телото кое е склоно на собирање на бактерии (во папокот се наоѓаат околу 65 различни видови на бактерии), и треба да го негувате на следниве начини:

– Ако имате вовлечен папок, еднаш неделно чистете го со стапче за уши кое претходно ќе го потопите во вода и сапун; може и едноставно да го поминете со алкохол.

– Ако имате испапчен папок, еднаш неделно избришете го со крпа навлажнета со вода и сапун.

Зошто воопшто е важно чистењето на папокот?

Затоа што во него се собира нечистотија и ако таа се има насобрано може да развие инфекции придружени со црвенило, иритирана кожа, чешање, како и непријатен мирис во папокот.

Ако папокот веќе има инфекција и не можете сами да ја отстраните нечистотијата, побарајте помош од општ лекар или дерматолог.

*Треба да се напомене, при чистењето на папокот секогаш треба да бидете нежни и внимателни да не направите дополнителна компликација.

- Реклама -