Опасен тренд меѓу младината – шмукаат чаши за да имаат секси усни

СПОДЕЛЕТЕ

Во обид да постигнат полни и посекси усни, тинејџерите ширум светот се впуштаат во една бизарна „направи сам“ тактика. Се состои од шмукање на чаша или шише, со цел усните да потечат до саканата големина.

Методот самиот по себе вклучува и болка. Партиципантите треба да ги постават усните во внатрешноста на отворот на чашата и да го вшмукаат целиот воздух, содавајќи вакуум во садот. Порано или подоцна, усните ќе потечат заради зголемениот проток на крв, креирајќи ефект со кој тинејџерите се надеваат дека ќе изгледаат како една од сестрите Кардашијан.

Kylie-Jenner-challenge3-550x523[1]

Лудилото продолжува, а Интернет секојдневно се полни со нова доза селфија од тинејџерите што го пробале методов. Некои од нив имале среќа и поминале само со помали отоци, но огромен дел од младите завршуваат со сериозни последици како огромни модри отоци и крварење околу устата. За среќа, таквиот ефект е привремен. За несреќа, во голем дел од случаите трае и со денови.

Kylie-Jenner-challenge5-550x366[1]

„Оплескав. Направив брадата да ми изгледа како џиновска „шливка“ и никогаш не сум се почувствувала поглупаво“ и „Само сакав да пробам и да видам како ќе изгледа. Никогаш порано не сум го направила тоа и никогаш повеќе нема да го повторам“, се само дел од признанијата што настраданите ги оставија по друштвените мрежи.

Kylie-Jenner-challenge6-550x308[1]

„Беше многу, многу болно. Усните ми помодреа и ми отекоа. Но, откако ја поставив сликата на Фејсбук со цел да ги предупредам останатите дека „направи сам“ екстензијата на усни е опасна, многу од луѓето почнаа да го копираат мојот метод. Бев многу изненадена“, вели 18-годишната Ирја Балвинсдотир.

Kylie-Jenner-challenge7-550x309[1]

Исландскиот козметички хирург, Пордис Кјартансдотир вели дека не и е прв пат да види нешто слично. „Дефинитивно можам да речам дека ова е опасно дури и да се проба, а особено ако се направи повеќе од еднаш“, предупредува таа. „Усните помодруваат бидејќи се насобира крв во нив, што пак значи дека многу лесно можат да се инфицираат и да изгубат секакво чувство. Навистина е многу опасна егзибиција и би ги советувала младите строго да ја избегнуваат“.

faillips

И додека добар дел од тинејџерите сфатија дека се работи за опасен ризик кој ветува трагикомичен резултат, се чини дека исто така добар дел мислат дека се работи за кул идеја. Па, еве уште еднаш да напоменеме – не е.

- Реклама -