Home Технологија Наука Научниците конечно открија од каде доаѓа мистериозниот ѕвук што го испушта Земјата

Научниците конечно открија од каде доаѓа мистериозниот ѕвук што го испушта Земјата

0
Научниците конечно открија од каде доаѓа мистериозниот ѕвук што го испушта Земјата

Можеби полудувате, но можеби и навистина можете да ја слушнете Земјата. Нашата планета постојано емитува мистериозен звук на тивко зуење – резултат на нејзиното вибрирање на многу ниска бас фреквенција. Звукот е толку „блед“ што луѓето генерално тешко можат да го забележат.

Потеклото на таквата вибриција ги мачи научниците веќе со децении. Многумина сметаат дека е производ на земјотреси, но докажано е дека планетата вибрира и кога ги нема.

Отсуството на објаснување им остави многу простор на теоретичарите на заговор. Според нив, се работи за радијација, за супер-тајни воени проекти, па дури и за прикривање на тајната дека Земјата е шуплива и во внатрешноста се кријат барем уште неколку, земни или вонземни, цивилизации.

Научниците конечно дојдоа до убедлива теорија. Не, не е дека Земјата отсекогаш слушала дабстеп. Имено, истражувачкиот тим на чело со океанографот Фабрис Ардуин, дојде до заклучок дека изворот на зуењето се океанските бранови. Според нив, нивниот судир може да предизвика сеизмички бранови. Тимот на Ардуин има многу силен аргумент – тие забележале дека мистериозниот звук на „ѕунење“ прецизно се совпаѓа со сеизмичките бранови генерирани од бавнодвижечките океански води.

„Мислам дека нашите резултати се важен чекор во трансформацијата на една мистериозна врева во сигнал кој го разбираме“, вели Ардуин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here