„Топџијата“ Белерин е побрз од Усаин Болт!

СПОДЕЛЕТЕ

Фудбалерот на Арсенал – Хектор Белерин, го постигна невозможното: трча побрзо и од „најбрзиот човек на планетата“.

Кога 20-годишниот „брзинец“ на Арсенал во оваа денешна форма би се тркал веднаш до неприкосновениот спринтер Усаин Болт, и тоа во трката од 2009-та кога Јамајканецот го постави светскиот рекорд, на точката од 40 метри Белерин би бил цели два метра понапред од него. Времето на Белерин на 40 метри би било 4.42 секунди, за разлика од она на Болт – 4.64 секунди.

Се разбира, Белерин тешко дека би победил ако ја трчаат целата должина на трката (100 метри), но да се биде побрз од Болт во било кој дел од една таква храбра трка – е безмалку натчовечко достигнување.

9c53d5b6b2a11b12e06e3e659a42b[1]

- Реклама -