Денеска е најтажниот ден во Христијанството

СПОДЕЛЕТЕ

Велики петок е најтажниот и најтежок празник во православието.

Ова е денот кога Исус Христос бил распнат на крстот, а истиот е голем празник за верниците кои одат во црква, оставаат црвени јајца, палат свеќи се молат за здравје и благосостојба.

Посебен ритуал е спровнувањето под плаштаницата, која го симболизира гробот на Исус. Поминувајќи под покривката, верниците веруваат дека ќе бидат живи и здрави и прочистени од гревови.

Во сите православни храмови на Распет петок се служат свети литургии. Се читаат извадоци од евангелијата во кои се опишани делови од неделата на страдањата на Христос.

Верниците на овој ден се придржуваат на строг пост.

Утредента во православните храмови се служи Василијева литургија, а пред полноќ почнува службата за објавување на веста за Христовото Воскресение.

- Реклама -