Цементирани Велигденски јајца

До каде сте со подготовките за Велигден?

Ако се уште не сте одлучиле како да ги направите јајцата убави, а сепак се надевате да скршите најмногу во велигденското кршење на јајца, ние имаме еден проект за вас. Не се заплашувајте! Користејќи ги јајцата како калапи, овие циментирани Велигденски јајца се изненадувачки лесни за правење за брзо време, и најдобро од се, тие можат да се користат година по година. Исто така, бидејќи стојат сами исправено, тие се совршени за вашата Велигденска трпеза, убава декорација на полицата, и украс преку целата година. Сега, продолжете да ја читате постапката, чекор по чекор.

eggs21 eggs11

1. Истурете околу 1/4 чаша цемент во пластичен сад. Додадете 1 лажица вода повремено, и промешувајте со секоја додадена лажица додека не постигнете конзистентност.

2. Во рок од 10 минути, внимателно истурете го цементот во испразнето јајце свртено наопаку како на сликата (користет пластична инка доколку имате за попрецизно полнење) и наполнете го јајцето до горе. Ова создава рамна заднина на јајцето, со што истото може да стои исправено. Извадете го надвор на 1 час за да се исуши.

3. Откога ќе биде суво, искористете нож за да ја излупите лушпата од јајцето. Се препорачува ова да се прави под млаз вода.

4. Дозволете да се изуши, а потоа можете да го декорирате јајцето со спреј во бои, или некоја друга декорација за да изгледа на вистинско Велигденско јајце.

DSC_3158 DSC_3162

- Реклама -