Зошто жените обожаваат да објавуваат голи фотографии?

СПОДЕЛЕТЕ

Испраќањето и објавувањето на голи фотографии (особено „nude selfies“) е тренд што се шири со невидена брзина, а ги зафати дури и славните. Експерите се обидуваат да разберат зошто се случува.

„Кога знаат дека се пожелни, жените се возбудуваат“, тврди Марта Мин – клинички психолог и претседателка на истражувачкото здружение на сексуалните терапевти. „Податоците покажуваат дека начинот на кој жените се доживуваат самите себе е важен фактор во нивното сексуално искуство и сексуалниот живот воопшто, како и дека влијае на потребата да се доминира над партнерот“.

Неодамнешните студии утврдија дека дури кај половина од жените сексуалните фантазии се одраз на желбата да бидат неодоливи за мажите. Во една од таквите студии, 47% од жените рекле дека фантазиираат за себе како за стриптизети, жени од хареми и сл., а околу 50% од жените фантазираат за секс со повеќе од еден маж.

Д-р. Мин, која ја предводеше студијата, смета дека е неопходно да се интензивира истражувањето во полето на еротизмот.

„Овие малку податоци што ги имаме укажуваат на тоа дека еротизмот не можеме да го поврземе со она што другите ни говорат дека треба да го правиме. Напротив, еротизмот се поврзува со личните желби на понежниот пол“.

Паметните телефони, камерите и социјалните мрежи го освоија нашето секојдневие, а благодарение на тоа се множат и фотографиите – како домашните, аматерски, така и професионалните, на кои славните, но и обичните луѓе сé повеќе откриваат и сé помалку сокриваат. Веб-сајтовите што објавуваат аматерски „селфиња“ постигнуваат огромен успех, а тоа се одразува и кај мажите. И кај нив расте појавата на слично однесување (на пример, таканаречените „dick pics“), иако истражувачите тоа го поврзуваат воглавно со генетиката. Слични нагони имале и нашите примитивни претци – за да им дадат до знаење на женките дека се заинтересирани за секс, мајмуните им ги покажуваат своите пениси.

- Реклама -