Home Астал Создаден кромид од кој не се плаче

Создаден кромид од кој не се плаче

0
Создаден кромид од кој не се плаче

Постојат мигови во животот кога и најтврдокорните ќе заплачат. Како на пример, сечењето кромид.

Јапонската компанија House Food тврди дека произвела кромид од кој не се плаче.

Научниците го решиле проблемот така што целосно го инхибирале производството на ензимот кој се ослободува при сечењето и ни ги иритира очите, во самиот плод на кромидот. Ова е постигнато преку бомбардирање на главицата со наелектризирани честици – јони.

Според портпаролот на House Foods, сé уште не е познато дали компанијата ќе го комерцијализира својот кромид и дали ќе биде достапен за обичниот потрошувач. Сепак, по толку многу проплакани солзи, тешко дека човештвото ќе се одрече од вака олеснително откритие.

Патем, научничкиот тим на оваа компанија е добитник на игНобелова награда (пародија на Нобеловите награди, која се доделува за најсмешните и најбаналните достигнувања), и тоа за откривањето на истиот тој биохемиски процес во кромидот кој ги тера луѓето да плачат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here