Животни совети од 12 годишно дете

СПОДЕЛЕТЕ

Брат ми Мек е многу паметен, вели Мејси Вилијаамс од Popsugar Smart Living.

Не знам дали е така затоа што многу комуницира со возрасни луѓе или е таков по природа, но е прилично умен за седмо-одделенец. Од време на време, додека гледаме телевизија или вечераме, тој успева да каже некој остроумен коментар што ме восхитува. Мек има 12 години. Сака кошарка, видео игри и риболов. Еден ден седнав и го прашав што научил од животот до сега. Сосема сериозно. Еве што ми рече тој:

Не лажи дека си го напишал домашното. Само напиши го.

Не јади премногу слатки работи. Ќе се чувствуваш прекрасно додека ги јадеш, но потоа ќе ти стане тешко.

Ако си посветен на семејството, тоа ќе ти се посвети тебе.

Ако носиш очила, не се срами. На некој може да му се допадне токму тоа кај тебе.

Работи напорно, но не се заморувај. Тоа го научив од татко ми.

Ако спориш со родителите, откажи се. Никогаш нема да добиеш.

Испрати им СМС со комплименти на девојките. Тие се радуваат … или барем така мислам.

Не се плаши да бидеш ти.

2

 

Не дозволувај една видео игра да ти го расипе пријателството со некој.

Смеата е убав начин да натераш некој да се чувствува подобро.

Не дозволувај твоите пријатели да те искористат и ти немој да ги искористуваш нив.

На девојките не им треба сета таа шминка – тие се убави и без неа.

Трпението е доблест. Ова го научив од една епизода на Thomas the Tank Engine.

Да ти е пријатно е поважно од модата. Мразам панталони.

Не земајте ментал бонбони, налик на пилула, од некој кој што не го познавате. Можеби не е бомбона.

Миј ги забите два пати на ден. Во 67% од деновите, биди лидер, а не следбеник.

Секогаш биди тимски играч, но не се плаши да се грижиш за себе.

Грижи се за миленичето.

Сакај, а не војувај.

- Реклама -