Од кремираните останки креаира ланчиња

СПОДЕЛЕТЕ

Уметницата од Калифорнија, Merry Coor, прави накит од стакло уште од 2000 година. Нејзината дејност претрпела промени откако минатата година една двојка ја замолила да и вметне малку пепел од кремираните останки на нивниот пријател, како вечен спомен кој секогаш ќе го носат со себе.

„Ова претставуваше инспирација и воедно нова цел при изработката на накит, со кој им оддаваме почит на другите, живи и починати“, пишува Мери за Etsy.

Овие рачно изработени ланчиња таа ги прави рачно, во нејзиното студио Еурека, Калифорнија.

- Реклама -